Македонија 08. ноември 2020. / 18:11

Витанов: Кадрите на ДУИ не носат инвестиции

Витанов: Кадрите на ДУИ не носат инвестиции

Бизнисменот Зоран Витанов смета дека политичарите во фокусот треба да ја имаат економијата кога носат ригорозни одлуки. Тој е разочаран од Љубе Бошковски и кадрите на ДУИ кои не носат инвестиции, а исто така смета дека од еветуалното бугарско вето, повеќе би изгубила Бугарија од Македонија.

Ако Бугарија размислува економонски, не треба да ја спречи Македонија на патот кон Европската унија – дециден е бизнисменот Зоран Витанов. Според него, Бугарија многу ќе изгуби на економски план ако ја блокира Македонија. Но, од друга страна тој е смета дека земјава веќе три децении е навикната на разни блокади, ембарга и секакви пречки, но секогаш успеала да ги надмине.

Според Витанов, во Владата нема кадри кои можат да ја спроведат економската агенда. Ниту министрите и директорите на ДУИ кои 20-тина години не се интересираа за економија, а сега се главни на бројни економски ресори, ниту пак, советникот Љубе Бошковски, кој треба да привлекува странски инвеститори. Вели, бизнисот реагира позитивно кога ќе препознае економија, а не политиканство.

Инаку, бизнисот остро реагираше на доцнењето при носење на ребалансот на буџетот и четвртиот пакет мерки. УЈП го пролонгира рокот за аплицирање за субвенции за плати само до 10-ти ноември. Компаниите се жалат дека имаат само два дена да поднесат барања, па платите на над 100 илјади работници во ноември ќе доцнат.