Македонската компанија за здрава храна Виталиа донираше 1 тон од своите производи за настраданите во големите пожари кои ја погодија соседна Грција. Заради обезбедување ефикасна помош на погоденото население, кое зад себе остави нефункционални и руинирани домови, Виталиа донираше мусли и житни барови, кои имаат високонутритивна вредност и се практични за складирање.
Донацијата ќе биде реализирана преку застапниците на Виталиа во Грција, а компанијата се надева дека ќе ги поттикне и останатите наши компании да бидат хумани во време кога на нашите соседи најмногу им е потребна помош.