Со прогласувањето на состојба на пандемија од страна на Светската здравствена организација и согласно препораките за спречување на ширењето на корона вирусот, сите активности наменети за јавноста, како и организирани посети на зградата на законодавниот дом од 11 март 2020 година се одложени до нормализација на ситуацијата.
Во меѓувреме, секој што би сакал да ја разгледа внатрешноста на зградата, тоа може да го направи преку виртуелната тура, на линкот http://vtour.sobranie.mk/.