Македонија 10. март 2021. / 12:19

(ВИДЕО) Зошто Левица нѐ става во конфликт со Израел и Косово?

(ВИДЕО) Зошто Левица нѐ става во конфликт со Израел и Косово?

Со пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов на утрешната емисија на Радио Лидер се дискутираше и околу глобалната политика, како и надворешните политики на партијата.

Имено, според програмата на партијата Левица на претходните избори Македонија е ставена во конфликт со неколку држави бидејќи би се отповикало нивното признавање. Во нивната програма јасно стоеше дека цел на оваа партија е „Отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја + признавање на независноста на Палестина, Каталонија и Баскија.“

На оваа тема новинарот Златев зборуваше со пратеникот од редовите на Левица Борислав Крмов.

Крмов вели дека во Израел со прекршени правата на Палестинците, а исто така зборува и за Косово. Оваа дискусија може да ја погледнете од видеото во продолжение.