Македонија 15. февруари 2021. / 11:26

(ВИДЕО) Зошто Бојан Маричиќ не доби НАТО сертификат?

(ВИДЕО) Зошто Бојан Маричиќ не доби НАТО сертификат?

Денешен гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Со него се дискутираше за атуелната политичка ситуација: за вакцинацијата, извештајот на Транспаренси Интернешнл, реформите на Бојан Маричиќ и слично.

Тој се осврна на забраната за користење на терминот „Македонија“ од страна на министерот Бојан Маричиќ. Бојан Стојаноски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ најпрво вели дека Бојан Маричиќ нема право да го забрани терминот „Македонија“.

Тој се префрли и на друга тема, односно добивањето на НАТО сертификат.

– Можевме да видиме дека тој е еден од двајцата владини функционери коишто немаат НАТО сертификат. Ние сме дел од таа сериозна организација и ние мора да се стремиме да бидеме дел од тие европски стандарди, вели Стојаноски за Радио Лидер.

Пратникот Стојаноски потенцира дека ние мора да бидеме дел од НАТО, но го прашува и министерот за правда на оваа тема.

– Зошто Бојан Маричиќ не доби НАТО сертификат?, прашува Стојаноски.

Целото видео може да го погледнете во продолжение.