Македонија 11. јули 2020. / 17:33

(ВИДЕО) Здравство – Македонија: Во ден со 205 нови случаи Филипче снима спот за да каже како се е под контрола

(ВИДЕО) Здравство – Македонија: Во ден со 205 нови случаи Филипче снима спот за да каже како се е под контрола

Во ден со 205 нови случаи Венко Филипче снима спот за да каже како се е под контрола, велат од Здравство – Македонија.

По четири месеци тешка битка со вирусот слободно можам да кажам дека ние одговоривме зрело навремено и ефикасно. Го заштитивме здравствениот систем ги подготвивме капацитетите и добро ја информитавме јавноста, вели Филипче во спотот.

Оттаму реагираат дека за еден месец имаме прeку 5000 новозаболени од ковид-19, само вчера имаме нови 205 позитивни на ковид-19.

Венко Филипче си брка пропаганда за избори! Министре, нит одговоривте зрело, нит навремено, нит ефикасно!, се наведува во реакцијата.