Македонија 08. септември 2019. / 22:41

(ВИДЕО) Жбогар: Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче“

(ВИДЕО) Жбогар: Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар беше еден од гостите денеска на прославата на 8 Септември – Денот на независноста, која под мотото „Боите на независноста“ се одржа на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Тој присустуваше на целата свеченост заедно со министри од Владата, амбасадори, градоначалници, пратеници, граѓани, а во еден момент кога се слушна песната „Македонско девојче“, евроамбасадорот се фати на оро.

Тој објави и твит во кој вели дека не можел да оддолее, а да не се фати на орото.

Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче“, твитна евроамбасадорот Жбогар.