Македонија 07. јуни 2020. / 20:17

(ВИДЕО) Во Чаир нема полициски час – пазарна инспекција не реагира како на Боемска!

(ВИДЕО) Во Чаир нема полициски час – пазарна инспекција не реагира како на Боемска!

Отворена продавница во Чаир, луѓето си пазаруваат, а само на неколку метри од нив полиција која ги проверува само дозволите за движење на оние кои се со возила.

Во репортажата на Телма од денешниот карантински ден во Скопје, покажува дека и во населбата Даме Груев одвреме навреме поминува полициска патрола, но граѓаните не се многу исплашени, а полицијата само ги предупредува да се вратат дома.

„Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив – отворена продавница. Позачудувачки е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час. Движење регистриравме и во други населени места во скопско. Казни нема, само остри усни опомени за луѓето кои опуштено се движат надвор иако тоа не смеат да го прават“, се вели во репортажата.

За потсетување на 03 јуни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше на ручек во кафеана на „Боемска улица“, власта наместо да се занимава со големиот број на новозаразени се фокусираше на настанот.

Мицкоски призна дека бил во кафеана и како што рече подготвен е да плати парична казна поради тоа што не бил доволно информиран за новите протоколи, а дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска за сите инволвирани во случајот  најави кривични пријави.

Од прилогот на „Телма“ може да се забележи дека пазарната инспекција не реагира како во споменатиот случај.