Македонија 22. мај 2020. / 12:17

(ВИДЕО) Владина делегација положи цвеќе по повод Св. Кирил и Методиј

(ВИДЕО) Владина делегација положи цвеќе по повод Св. Кирил и Методиј

Букети свежо цвеќе од делегација предводена од претседателот на Владата, Оливер Спасовски, по повод државниот празник 24 мај – „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, денеска беше положено пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, во кампусот на универзитетот во Скопје.

Од кабинетот на премиерот информираат дека по положувањето, Спасовски и министрите Арбер Адеми и Зорица Апостолска оствариле кратка средба со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, на кого му биле пренесени честитките по повод државниот празник, со порака за поддршка на автономноста на универзитетот.