Македонија 17. декември 2020. / 09:08

(ВИДЕО) Василевска за Радио Лидер: Создадовме генерации кои добро си ја познаваат историјата на кои не можете да им продадете се и сешто

(ВИДЕО) Василевска за Радио Лидер: Создадовме генерации кои добро си ја познаваат историјата на кои не можете да им продадете се и сешто

Ние сме дел од една 75-годишна традиција на историографија и изградба на национален и државен „стејткрафт“ кој требаше да биде основа за не само за овие генерации туку и за идните, рече во гостувањето во „Утро со Златев“, професорката и пратеничка Иванка Василевска.

Таа додава дека се создадоа генерации кои многу добро си ја познаваат сопствената национална историја и дека не може лесно да им се продадете или да им напика се и сешто кое што ќе го кажат странските ментори во, како што вели, новата геополитичка игра која некој сака да ја нарече бришењее на нешто што го нарекуваат историчка грешка.

– Јасно е од каде доаѓа овој бран. Еднакво се одговорни и внатрешните квислизнзи, но и оние кои од надвор си мислат дека, иако стојат зад превезот на самоопределување на народите, практично играат една игра која е далеку од национална, добронамерна, евроинтеграциска. Станува збор за нови геополитички распределувања на Блаканскиот полуостров како терен кој секогаш бил помошен терен на големите сили, пред големи процеси кои се случувале. Ги имаме искуствата и од 20-от век, но и од крајот на 18-от почетокот на 19-от век можеме точно да направиме една паралела бидејќи уште живееме во таа ера од француската буржуазија револуција во истиот историски поредок сме, вели Василевска.

Вели дека за жал, меѓу нас се изродија и такви кои покажаа не само немање сенс туку и невидена сервилност кон секоја промена со лични концесии. Но, додава Василевска, тоа нас не не оспорува ние да ја кажеме вистината и да го спречиме овој процес, за кој е потребна и поддршката на мкедонските граѓани, безусловно и без оглед на етничка, расна или конфесионална припадност.