Македонија 08. јануари 2020. / 13:26

(ВИДЕО) Стојаноска: Заев да ги разреши Смаиловиќ и Бојаровски

(ВИДЕО) Стојаноска: Заев да ги разреши Смаиловиќ и Бојаровски

Зоран Заев наместо да пишува празни памфлети на социјалните мрежи веднаш да ги разреши Мерсиха Смаиловиќ од позицијата во СДСМ и Зоран Бојаровски од позицијата советник на премиерот во владата.Антисемитизмот и говорот на омраза од функционери на СДСМ не смее да остане неказнет. Празната осуда без конкретни дела е поддршка за нападот на верска и национална основа врз Рашела Мизрахи од функционери на неговата партија. Неказнивоста сега, ќе значи поддршка на расистичките и нацистичките тенденции во СДСМ, изјави Дафина Стојаноска – член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Осудите за антисемитизмот на СДСМ стигнаа од повеќе места во светот, но Зоран Заев останува нем на осудите и не ја разрешува Мерсиха Смаиловиќ од партиската функција, ниту Зоран Бојаровски од државната функција. Сите го гледаме вистинското лице на Зоран Заев, тоа е лице на ширење на омраза и поделби. Атмосферата за шиканирање на различностите е креирана од Зоран Заев. Нездравиот амбиент во општеството мора да се искорени. Македонија мора да биде држава во која секој ќе се чувствува безбеден, изјави Стојаноска.