Македонија 29. јуни 2020. / 15:00

(ВИДЕО) Стојаноска: Нема да ги порекнеме АСНОМ и хероите на македонската историја

(ВИДЕО) Стојаноска: Нема да ги порекнеме АСНОМ и хероите на македонската историја

Носителот на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ во шестата Изборна единица, Дафина Стојаноска денеска во рамки на предзиборните активности положи цвеќе на споменикот на народниот херој Чеде Филипоски-Даме во Гостивар и се осврна на важноста на македонската историја во периодот на НОБ и АСНОМ.

Чеде Филипоски Даме со само 22 години се запиша во македонската историја со златни букви. Денес, ние од пред неговиот споменик се обврзуваме дека АСНОМ, македонската историја и нејзините херои никогаш нема да ги заборавиме ниту порекнеме, рече Стојаноска во обраќањето.

Таа во рамки на предизборната кампања денеска ќе се обрати и на митинзите на коалицијата „Обнова на Македонија“ во општините Јегуновце и Брвеница, а во вечерните часови ќе оствари средби со граѓаните низ неколку гостиварски населби.