Ако се суди според првите часови од осум месечниот мандат во Штип на Сашко Николов, индикаторите покажуваат дека ќе биде вистинско фијаско, изјави денеска за медиумите, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ во време на корона организираше избори на кои што сама учествуваше и едвај сама победи, гласаа луѓе кои што се со забрана за движење, потоа организираше групна прослава во центарот на Штип, а функционерите правеа банкет во ресторан во време по забраната за работа! Истовремено за сите останати важат забрани и казни за групирање, за сите други важат казни за неносење маски, за сите други важат забрани и казни за прослави, за сите други важат забрани и казни за работа на локали по 21 часот!, вели тој.
Тој вели дека и членовите на СДСМ не ги почитувале мерките како во сопствениот штаб, така и во кафеаните каде славеле.
– Ова се фотографиите спорелени од штабот на СДСМ во Штип доцна синоќа, ова е фотографијата пред штабот на СДСМ, синоќа по 20 часот. Ова е фотографија споделена на социјалните мрежи, внатре од штабот на СДСМ. А, ова е фотографија од кафеана, од локал кој што работел за прославата на СДСМ по 21 часот! Ова се докази за нехуманост, самоволие и деспотското надзаконско делување на СДСМ, потенцира Стоилковски.
На фотографиите се гледа дека со Костадин Костадинов е со штипскиот бизнисмен „Мише брилијант“.