Македонија 16. февруари 2021. / 10:58

(ВИДЕО) Станчиќ: Ме загрижуваат реформите кои се туркаат со преголема брзина, треба поголема дебата и анализа

(ВИДЕО) Станчиќ: Ме загрижуваат реформите кои се туркаат со преголема брзина, треба поголема дебата и анализа

Денеска, гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше Милутин Станчиќ – Директор на управата за унапредување на јазиците на заедниците. Со него со зборуваше на помалку актуелни и релативно заборавени теми, но кои секогаш се интересни за дебатирање.

Но, се зборуваше и за актуелните законски решенија како на пример воведување на сексуално образование.

– Ме загрижуваат реформите кои се туркаат со преголема брзина. Мислам дека треба да се остави простор, да има дебата и анализа околу тоа фамозно сексуално образование. Да разграничиме и дали можеби има манипулации, а тоа не стои во текстот или фејк информации, вели Станчиќ за Радио Лидер.

Тој го објаснува неговото мислење на оваа тема.

– Треба да помине време, а не тоа да биде на брзина и на сила без да има своја потпора во општеството. Има многу недоумици кои јавноста и наставничкиот кадар не ги знае и затоа мислам дека треба простор, иако може да има и позитивни иновации, додава директорот на управата за унапредување на јазиците на заедниците.