Македонија 09. јули 2020. / 23:58

(ВИДЕО) Силјановска: Тие не се збогатија од пиперки и патлиџани

(ВИДЕО) Силјановска: Тие не се збогатија од пиперки и патлиџани

Професорката Гордана Силјановска Давкова се обрати пред граѓаните од Аеродром и им порача дека сме доведени на ѕидот на срамот и затоа не смее да има човек кој нема да реагира на она што ни се случува.

Партијата што се нарекува социјалдемократски сојуз стана партија на социјалдеморализиран сојуз, на социјалдотрајен сојуз. Има моменти кога човек не смее да молчи таков е овој момент. Ќе се согласите дека секогаш кога било најтешко во македонската историја се појавувале учителите. Фрлете поглед на листите на едните листи ќе ги познаете петкашите и десеткашите, а на другите оние од транзицијата што прекуноќ се збогатија. Деновиве во очај почнаа да фрлаат летки, замислете Тимчо и јас сме биле транзиционите профитери. Јас сум била 2 години во политика, а транзицијата трае 30 години. Е тие кои од бебиња се во политики и не се збогатија од пиперки и патлиџани, туку од политичкиот статус велат дека повторно транзиционите политичари  се во игра, тоа е срамота – рече Силјановска.

Народот, порача професорката, треба да се праша дали подобро живее од порано, дали е побезбеден, дали е поздрав дали ги нема корупцијата и криминалот.