Македонија 18. April 2019. / 11:11

(ВИДЕО) Силјановска и Река во заедничко интервју – одговараат на кратки прашања

(ВИДЕО) Силјановска и Река во заедничко интервју – одговараат на кратки прашања

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска и Блерим Река се најдоа во заедничко интервју каде одговараат на прашања за личните интереси и афинитети. Помеѓу месо и салата и двајцата бираат салата, Силјановска го избира Ганди, додека Река го избира Черчил, и двајцата се повеќе за книга отколку за филм.

Интервјуто со кратките прашања го објави фејсбук заедницата „Другата страна на политиката“. Од таму велат дека Пендаровски отсуствува од интервјуто затоа што не одговорил на поканата.

Дојдовме до идеја, да го бараме “човекот” во нашите претседателски кандидати, а не политичарот во нив. За таа цел испративме покана за интервју до изборните штабови на кандидатите. Тие кои прифатија можете да ги видите во ова ексклузивно видео, а за третиот се надеваме на креативна средба кога ќе ни ја отвори вратата на која тропавме, велат од таму.

Но од изборниот штаб на Стево Пендаровски велат дека никој не тропнал на нивната врата. Од таму за „Фокус“ изјавија дека се изненадени од тврдењето бидејќи нема такво барање за интервју.