Српскиот политичар Војислав Шешељ во интервју за српски медиум изјави дека повеќе нема да ја оспорува македонската нација, бидејќи се покажа дека тоа е достоинствен народ, со тоа што не си го промени името на референдумот.
„Македонскиот народ, јуначкиот македонски народ победи им покажа на сите какво им е достоинството, гордоста, националната свест, јас никогаш повеќе нема да го оспорувам македонскиот народ.
Ако Македонците не се Срби, тогаш ни се најблиски на нас Србите. Немаме на светот етнички поблизок народ од македонскиот.
Само тоа што се вика Вардарска Македонија и што го ослободи српската војска денес е независна македонска држава, а останатото не е. Односот на Србите спрема Македонците бил најисправен“ вели Шешељ во интервју за српски медиум.