Македонија 27. јуни 2020. / 16:07

(ВИДЕО) Шекеринска: Ставаме крај на злоупотребата на патните трошоци на пратениците

(ВИДЕО) Шекеринска: Ставаме крај на злоупотребата на патните трошоци на пратениците

Заменик претседателката на СДСМ денес во Кичево го презентираше планот за елиминирање на злоупотребата на патни трошоци кои во минатото се случуваа од страна на пратениците.

Тоа е беше тема што беше низ цела држава, сметаме дека граѓаните мора да имаат поголема доверба во своето собрание и во своите пратеници.

Направивме модел во кој сите пратеници надвор од главниот град ќе се обезбеди сместување и ќе се скратат сите трошоци кои се злоупотребуваа и ја урнисуваа довербата во собранието, рече Шекеринска.

Таа порача дека ниту еден пратеник нема да може да се богати на сметка на платните трошоци и ниту еден нема да може да ги злоупотреби парите на граѓаните.

СДСМ нуди грижа за граѓаните, ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. Ние нудиме  професионални институции, а ДПМНЕ иста стара партизирана администрација и обнова на стравот и изолацијата. На 15 јули граѓаните ќе изберат праведна држава а не режим и страв!, заврши Шекеринска.