Македонија 03. февруари 2021. / 16:54

(ВИДЕО) Протестен марш за „Јавна соба“: Разбуди се ОЈО

(ВИДЕО) Протестен марш за „Јавна соба“: Разбуди се ОЈО

Со пароли „Додека жените не се слободни, сите сме заробени“, „Жртвата никогаш не е виновна”, „Непостапувањето е соучество”, „Нашето Не, не значи Да“ се одвиваше протестот против насилството врз жените пред Министерството за внатрешни работи.

Демонстрантите бараат освен затворање на групите, надлежните да ги пронајдат сите креатори и администратори на „Јавна соба“.

Велат дека жртвите на сексуално насилство се плашат да пријават во полиција бидејќи полицијата не постапувала по ваквите пријави.

– Бараме казни за сите администратори на групи од овој тип кои споделувале информации од девојки, не само од „Јавна соба“, бараме во Кривичен законик да се внесе интернет вознемирување, велат организаторите на протестниот марш.

Со скандирање и свирежи групата демонстранти продолжи пред зградата на ОЈО.

 

Демонстраторите побараа и да се вклучат институциите на државата во овој процес, па затоа скандираа „Разбуди се ОЈО“.

Групата „Јавна соба“ од пред неколку дена е избришана а полицијата приведе четири лица поврзани со оваа група.