Македонија 07. мај 2019. / 16:37

(ВИДЕО): Папата на екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква

(ВИДЕО): Папата на екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква

По литургијата на Плоштадот Македонија во Скопје, папата Франциск одржува екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Претходно, папата одржа миса на Плоштадот Македонија во Скопје, на која присуствуваа повеќе од 15.000 луѓе-граѓани од земјава и странство. Тој упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето, порачувајќи:

Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж, да се надминат стереотипите и повеќе да се грижиме еден за друг… Гладни сме за добрина и солидарност. Навикнати сме да го јадеме тврдиот леб на дезинформацијата, рече папата на литургијата на Плоштад Македонија.