Телевизијата Клан на својот Фејсбук профил сподели видео направено на инфективното одделение во штипската болница.
На видеото освен катастрофално лошите услови, пациентите сведочат и како никој од медицинскиот персонал не им се наоѓа на помош, ниту им пружаат нега.