Македонија 02. ноември 2020. / 15:56

(ВИДЕО) Пациент прима инфузија пред болницата во Кичево – Сајкоски до Филипче: Дали ова е тоа „се е под контрола”?

(ВИДЕО) Пациент прима инфузија пред болницата во Кичево – Сајкоски до Филипче: Дали ова е тоа „се е под контрола”?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски преку видео на Фејсбук пишува дека пациент заразен со коронавирус прима инфузија пред болницата во Кичево.

-Нашата „нова реалност“!!!
Пациент заразен од Ковид19 прима инфузија пред болницата во Кичево. Дали ова е тоа “се е под контрола” на министерот Венко Филипче???, стои во неговиот пост на Фејсбук.