Некатегоризирано 25. јануари 2020. / 18:43

(ВИДЕО) Навивачите на Барселона и Валенсија се пресметаа со шипки и димни бомби

(ВИДЕО) Навивачите на Барселона и Валенсија се пресметаа со шипки и димни бомби

Дербито меѓу Валенсија и Барселона во 21. коло на Примера имаше „трето полувреме“ пред стадионот „Месталја“. Фудбалската битка за бодови, имаше „жешка“ увертира на улиците во која учествуваа агресивни навивачки групации на двата клуба.

Хулиганите го искористија моментот на отсуство на полиција и го имаа „сето време на овој свет“ да се посветат едни на други“. Најхрабрите не се грижеа и за најризичните ситуации и тргнаа со голи раце на ривали со шипки, димни бомби и останати навивачки реквизити.

Натпреварот заврши со победа на домашната Валенсија со резултат од 2:0.