Македонија 24. јули 2019. / 18:10

(ВИДЕО) Напуштен танкер со нафта во Црвеното Море може да експлодира и да ја направи најголемата катастрофа досега

(ВИДЕО) Напуштен танкер со нафта во Црвеното Море може да експлодира и да ја направи најголемата катастрофа досега

Напуштениот танкер во Црвено Море може да експлодира и да истури милион барели нафта во океанот.

Oвој танкер со околу 1,1 милион барели нафта со години плута во Црвеното Море. Експертите предупредуваат дека може да дојде до експлозија, пренесува РТ.

Бродот се наоѓа на неколку километри од пристаништето Рас Иса во Црвено Море, а инаку тој е во сопственост на националната нафтена компанија „Јеменски нафта и гас Корпорација“.

Танкерот плови по бреговите на Јемен, и ако се случи експлозија, ќе биде најголемата таква катастрофа во историјата. Засега најголем проблем е тоа што Јемен е блокиран од војна во земјата, а до танкерот сакаат да дојдат и меѓународно признаената влада на Јемен, но и побунетите јеменски Хути.