Кандидатот за пратеник од ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вети дека Македонија ќе го оствари својот сон и ќе се приклучи на семејството со стабилен правен систем и без криминал!
„Во изминатиот период од 3 години се соочивме со власт која ги наруши сите меѓународни и домашни правни норми и принципи. Владеењето на правото беше мисловна именка. Уставноста и законитоста целосно нарушени. Правосудниот систем нефункционален, а нашата држава беше прогласена за хибриден режим“, вели Муцунски.
Тој истакна дека Македонија заслужува подобро, а сите ние сакаме побрзо да го оствариме нашиот сон и да се приклучиме во семејстовто на европски демократии со стабилен правен систем.
„Сите ние заслужуваме да живееме во мирна, безбедна и демократски праведна држава, која нуди еднаквост, можности за успех и непречен општествен развој“, вели Тимчо Муцунски.