Македонија 27. ноември 2020. / 23:02

(ВИДЕО) Мизрахи: Никој нема мандат да ја допира историјата, народот и јазикот

(ВИДЕО) Мизрахи: Никој нема мандат да ја допира историјата, народот и јазикот

Тешко е да се говори од Ваташа. Пријатели овој собир е надпартиски. На овој собир нема леви и нема десни. Ова е собир за Македонија, порача пратеничката Рашела Мизрахи од Кавадарци.

– Драги пријатели како и вие денеска и јас сакам да живеам во Македонија во која системот на вредности е многу различен од денешниот на Заев. Сакам да живеам во онаа Македонија во која го спознав животот, пријателите, училиштето и учењето, ја осознавав честа, угледот и достоинството, го научив единството и соживотот, во која учев македонската историја Јордан Пиперката , Даме, Питу, Каев, Гоце, Илинден и илинденците, во онаа Македонија која се гордеше на тврдокорните, онаа земја која се гордееше со партизаните, со сите кои за неа го дадоа и животот, рече Мизрахи.

Таа додаде дека има потекло од овој град и дека токму затоа има посебно чувство спрема овој град. Понатаму, кажа нешто и за малцинствата, но и за историјата на Македонија.

– Сакам да ми се врати државата која ги памети нивните херојски дела. Македонија во која сме сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Еѓипкани, Евреи и сите останати од Македонија во која никој нема да се осуди гордоста да ни ја оспори. Ми велеа дека сум заглавена во историјата дека треба да гледам во иднината. Ни велат да заборавиме, да се понижиме и сами себе да се поништиме, рече пратеничката.

Епа завчера Заев се обиде да дотроши се што е Илинден, НОБ и АСНОМ, се што она ни оставија и му се случи и вчера, му се случува и денес, ќе му се случува и утре и така натаму бидејќи му се случуваме сите ние надпартиски, наднационално, антифашистички да му докажеме дека е доста, да му кажеме дека никој не смее да ја допира нашата историја, нашиот народ, јазикот, никој нема мандат за тоа. Таа е со крв платена од црнина излезена, заврши Мизрахи.

Во продолжение може да го видите говорот на Рашела Мизрахи вечерва: