Македонија 10. октомври 2018. / 14:03

(Видео) Митровски: Државата дозволува бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци

(Видео) Митровски: Државата дозволува бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци

Десетина граѓани, меѓу кои и личности од јавниот живот се собраа пред Основното јавно обвинтелство во Скопје да го изразат незадоволството од одлуката на кривичниот суд во Скопје, по предлог на надлежен јавен обвинител, да ѝ определи 30 дневен притовор на Моника Ристеска која се наоѓа во затворот во Шуто Оризари.

Нејзиниот адвокат, Јанаки Митровски рече дека е недозволиво државата да овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а да ги гони граѓаните кои се уживатели како криминалци.

Протестот се одржа под слоганот „И јас сум Моника, апсете ме“. Обвинителството претходно соопшти дека активистката за легализација на марихуаната, Моника Ристеска е осомничена дека во текот на 2017 и 2018 година во повеќе наврати неовластено набавила наркотична дрога марихуана, од која со понатамошна преработка добивала наркотична дрога хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала во Скопје.