Македонија 09. декември 2018. / 00:26

(ВИДЕО) Митко Јанчев измисли вештачки дожд против загадување

(ВИДЕО) Митко Јанчев измисли вештачки дожд против загадување

Аеросолизација за намалување на загаденоста во воздухот, вечерва прв пат се примени во Кавадарци. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за апаратот кој произведува вештачки дожд објави видео на својот Фејсбук профил.

Јанчев со екипи од градот, со помош на апаратот за аеросолизација го чистеше воздухот во Кавадарци.

За сега е непознато дали овој метод покажува резултати во чистењето на воздух, или е само популистичка мерка на градоначалникот на Општина Кавадарци.