Македонија 24. јуни 2020. / 13:59

(ВИДЕО) Мисајловски: Со исправена кичма ќе одам насекаде, ќе бидам со граѓаните, со народот

(ВИДЕО) Мисајловски: Со исправена кичма ќе одам насекаде, ќе бидам со граѓаните, со народот

Владо Мисајловски, носител на листата на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица 2, првиот ден од изборната кампањата го почна со молитва од црквата Св. Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

Притоа тој истакна дека нему и на неговото семејство им се случиле некои неубави работи, потсетувајќи на локалните избори кога беше запалена неговата куќа. Вели, тоа е затоа што сакаа да ме исплашат, да престанам да работам, да одам на терен.

Да им порачам на сите, јас сум Владо Мисајловски, Кендо ме викаат и не се откажувам. Гордо кренат насекаде, со исправена кичма ќе одам насекаде. Ќе бидам со граѓаните, со народот, тие со нивните криминалци, а јас со граѓаните во секое место, секој двор, на секоја улица. Јас, Владо Мисајловски ќе продолжам со позитивна кампања, јас сум таков. Што е подобро за Македонија, како да ја измениме Македонија. Да престане криминалот и корпцијата, ова што го прави Заев, Оливер Спасовски, Александар Наумоски и оние нарачатели на црни сценарија. Ќе разговарам со граѓаните за она што ги интересира, колку повисоки плати и пензии ќе добијат, колку инфраструктурни проекти ќе има насекаде во Македонија, истакна Мисајловски.