Македонија 12. декември 2019. / 11:48

(ВИДЕО) Мијалков одговори дали дал пари за „Империја“

(ВИДЕО) Мијалков одговори дали дал пари за „Империја“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, одби да коментира поврзаност со случајот „Рекет“, кој индиректно се однесува на постапката за „Империја“, каде меѓу осомничените, освен Орце Камчев, беше и тој, пренесува Алсат.

Мијалков на влегување во Судот, за процесот „Таргет-Тврдина“, кусо кажа:

Прашање: Дали дадовте некакви пари за „Империја“?

Немам никаква конекција со тоа, рече Мијалков.

Името на Сашо Мијалков се спомна и од сведоците во „Рекет“, но се споменува и во новите прислушувани разговори кои анонимно се објавуваат на Ју Тјуб под псевдоном „U6e Big“.