На рочиштето за случајот „Рекет“ Обвинителството презентира видео материјали од следењето на обвинетиот Бојан Јовановски.
На снимките се гледа дека тој многу често бил земан и враќан со „Ренџ Ровер“ од комплексот „Верина“ во населбата Орман. Боки одел до улицата „Варшавска“, а често и во МНТ.
Неколкупати Боки и самиот го управувал возилото. Во една од снимките се гледа како Боки влегува во трговскиот центар „Рамстор“ и оди во продацница за накит.
Боки често знаел да седне и во ресторанот „Шпајз“ заедно со непознати машки лица.