Македонија 07. мај 2020. / 22:31

(ВИДЕО) Масовно присуство на традиционалната литија во Струга, СДСМ бара оставка од Чулев

(ВИДЕО) Масовно присуство на традиционалната литија во Струга, СДСМ бара оставка од Чулев

По повод традиционалната литија, стотици верници се собраа на улиците во Струга.

Одржувањето на литијата претходно беше најавено на официјалната страна на Бигорскиот манастир, но таму беше наведено дека поради пандемијата, ќе учествуваат само свештени лица.

За овој настан од СДСМ бараат одговорност од министерот за внатрешни работи  Наќе Чулев, затоа што го загрозувал  здравјето и безбедноста на граѓаните.