Некатегоризирано 02. февруари 2019. / 19:30

(ВИДЕО) Мачка го прекина фудбалскиот меч во Ливерпул

(ВИДЕО) Мачка го прекина фудбалскиот меч во Ливерпул

Несекојдневна ситуација се случи во Ливерпул на мечот меѓу Евертон и Вулверхемптон, откако една црна мачка влезе во теренот, па средбата мораше да биде во прекин дури две минути.

Инцидентот се случи во 68. минута, а редарите имаа потешкотии да ја фатат мачката, која се шеташе буквално низ целиот фудбалски терен, па на крајот реши сама да избега од стадионот.