Македонија 06. јули 2020. / 16:45

(ВИДЕО) МААК: Кандидатката за пратеник на СДСМ од Неготино си приватизирала цела улица

(ВИДЕО) МААК: Кандидатката за пратеник на СДСМ од Неготино си приватизирала цела улица

Кандидатката на СДСМ во ИЕ 3, Лолита Ристова, во спрега со градоначалникот на Неготино, Тони Делков, купила дел од улицата „Христо Ботев“ во градот.

Како што велат од МААК, со извршената продажба, улицата повеќе не е во служба на граѓаните, туку станала приватна сопственост на кандидатката за пратеник на СДСМ, Лолита Ристова.

Оттаму ја повикуваат Антикорупциската комисија да го испитра случајот за да одреди каква поврзаност има Ристовска, која работи во подготвување на урабанистичките планови во локалните региони, со менувањето на деталниот урбанистички план со кој се одобрува улицата да премине во нејзина приватна сопственост.

Истовремено, од МААК соопштија дека поденсуваат и кривични пријави за ваквата криминална продажба на неготинската улица.

Ваквата реакција за продожбата на дел од улицата „Христо Ботев“, на претседателот на МААК ОК Неготино, резултирало со негово повикување во полициска станица на информативен разговор.

Тоа сепак, не го спречува Темелков да ги презентира во јавноста документите за продажбата на улицата во непосредна спогодба.