Македонија 23. октомври 2020. / 16:08

(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски: Јас бев како Трамп, се борев со длабоката држава!

(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски: Јас бев како Трамп, се борев со длабоката држава!

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски при престојот во Софија беше интервјуиран од бугарската БГНЕС кадешто се спореди со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој говореше дека долго време е во политиката и дека добро го памети времето кога беше како што вели сон на Бугарските политичари да стават заедничко цвеќе на Свети Кирил и Методиј.

Исто така зборуваше за „длабоката држава” во Македонијакоја како што вели, ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, а го почувствувал тоа на своја кожа, па неговата работа ја спореди со начинот на кој се справува Доналд Трамп .

„Нешто слично, ако го гледате сега Трамп како се бори со некои невидливи структури. Вие добро се сеќавате дека јас како премиер на тој начин се борев“, рече Георгиевски.