Македонија 16. May 2019. / 12:45

(ВИДЕО) Командант Соколи: Доста веќе, четири години ве трпиме, Вие сте дојдени од Карпатите

(ВИДЕО) Командант Соколи: Доста веќе, четири години ве трпиме, Вие сте дојдени од Карпатите

Сами Укшини, познат како командант Соколи, експлодира денеска во Апелациониот суд, каде што започна сослушувањето за случајот “Диво Насеље“.

Соколи го изрази својот гнев кон судијката и полицијата, за како што рече, четиригодишното малтретирање кое им се прави, пренесува Лајм.

Доста веќе, не ве поднесуваме. Четири години ве трпевме и не малтретиравме. Не ве поднесуваме веќе. Вие сте дојдени од Карпатите, таму треба да се вратите, рече Соколи.