Македонија 04. јуни 2020. / 16:07

(ВИДЕО) Колони возила го напуштаат Скопје

(ВИДЕО) Колони возила го напуштаат Скопје

На излезот на Скопје, од Ѓорче Петров кон автопатот за Тетово, во попладневните часови може да се забележи метеж во сообраќајот и колона возила кои го напуштаат главниот град, објави 360 степени.

Ваквата слика кон излезот од главниот град е вообичаена за време на празници и продолжени викенди. Метежот е во пресрет на карантинот во главниот град кој ќе започне вечерва во 21 часот, а ќе заврши во понеделникот наутро во 5 часот.