Македонија 28. декември 2020. / 11:16

(ВИДЕО) Ќерката на градоначалникот на Лозово доби шпорет на наградна игра, организирана од општината

(ВИДЕО) Ќерката на градоначалникот на Лозово доби шпорет на наградна игра, организирана од општината

Во наградна игра по повод роденденот на Општината Лозово, главната награда – шпорет, го доби ќерката на градоначалникот, како што вели водителката – „без лажи и преваре“.

Како семејство, тие се одлучиле шпоретот да биде дониран.

Колку за  потсетувањето градоначалник на Општина Лозово е Ацо Велковски, кој избрка од работа бремена вработена со 14 години стаж во фирмата, случај кој и денеска и носи секојдневно малтретирање и мобинг на Виолета Спасова Колева.

Колева веројатно го држи рекордот во добиени дисциплински постапки од страна на актуелното раководство, зошто во три години откако тој е прв човек на општината таа дури 6 пати морала да се појави на сослушување пред дисциплинската комисија за на крајот, општината да ја избрка од работа и тоа во време кога била бремена со нејзиното второ дете.

Кога пред нешто повеќе од 1 година нејзиниот случај го привлече вниманието на медиумите и два дена откако застана пред камерата на „Сител“, Штипска апелација донесе пресуда со која му наложи на градоначалникот Велковски да ја врати на работа одбивајќи ги сите дисциплински постапки кои општината ги водеше против неа. Но назад на работното место Виолета не ја чекаше ништо ново, па само 3 месеци по враќањето, општината и се заканува со нова дициплинска постапка за настан кој наводно се случил пред повеќе од 19 месеци, односно пред судот да одлучи да ја врати на работа.

Виолета сега обвинува дека мобингот врз неа добива нови димензии, па раководството на општината против неа отвора постапки и пред судовите за настани за кои таа тврди дека никогаш не се случиле.