Македонија 24. септември 2019. / 12:04

(ВИДЕО) Катица Јанева со лисици на рацете пристигна на распит

(ВИДЕО) Катица Јанева со лисици на рацете пристигна на распит

Ексшефицата на СЈО и осомничена во случајот „Рекет“, Катица Јанева со полициска придружба и лисици на рацете е донесена од затворот „Скопје“ во Обвинителството за организиран криминал, објави А1он. Таа ќе треба да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска во својство на осомничена. Ова е вторпат како Јанева дава исказ за „Рекет“.

Минатиот месец таа беше на распит во својство на лице од кое се собираат информации, а ден потоа беше уапсена во нејзиниот дом.