Македонија 04. февруари 2021. / 11:11

(ВИДЕО) Каракачанов: Има секакви медиуми во Македонија, но бугарски нема

(ВИДЕО) Каракачанов: Има секакви медиуми во Македонија, но бугарски нема

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во тамошните медиуми повторно настапи со остар и агресивен тон во однос на спорот со Македонија.

Според него, проблем е и тоа што во Македонија немало бугарски медиуми.

– Бугарски медиуми во Македонија нема. Има српски, има секакви, но бугарски нема. И Скопје продолжува да тврди дека биле нормално, демократско и плуралистичко општество. За 30 години откако Македонија е независна држава, таму не се решил ниту еден бугарски медиум да извади лиценца и да се прошири, додава бугарскиот вицепремиер.