3️⃣ конкретни предлози за помош на ??студентите, ??средношколците и ?основците во ова време на пандемија:
Почитуван колега Адеми, ги споменавте само ставките каде што има благо покачување, се осврнавте на тоа дека со релокацијата на овие средства се поддржуваат студентите и учениците и каде се зголемува Буџетот во образовниот систем, па еве јас да Ве надополнам:
⚠️ Со Ребалансот, власта скрати 2️⃣1️⃣ милиони евра? од ставките за образование.
Само од парите наменети за образовниот систем на основците, се кратат 5️⃣ милиони евра.?
2️⃣, 2️⃣милиони евра? во средното образование.
⚠️ Скратени се и парите наменети за реконструкција на ?студентските домови. Тука нема да зборувам за ветениот студентски град уште во 2016 година за кој не е ниту лопата фрлена, туку ќе продолжам понатаму.
⚠️ На нож оди и изградбата на објектите на ФИНКИ и ФФК. Овде се оди до таму, да скратени се и претходно планираните средства за оваа намена. И не само овие два факултети кои се вечни потстанари, минусирани се цели 1️⃣1️⃣, 6️⃣ милиони евра? наменети за функционалното образование на академскиот граѓанин.
☝️ Со ваквиот Ребаланс и ваквото неодговорно и деизонрентирано владеење, власта продолжува да го дотепува системот што треба да ја гради Република Македонија.
❗Почитувани, треба да си подадеме рака и да работиме на мерки кои реално ќе го подобрат животот на студентите, но и на учениците, па во таа насока, јас би ви предложил 3 мерки:
? 4️⃣0️⃣. 0️⃣0️⃣0️⃣ ученици не можат да си дозволат да ја следат онлајн наставата, затоа ви предлагаме привремено да им се дадат на користење компјутерите? од училиштата на децата си низок доход и државата да субвенционира интернет пристап, а се со цел да можат непречено да ја следат наставата.
? ???? За студентите, оние кои доаѓаат од семејства со ниски примања, да им обезбедиме ваучер од 1️⃣2️⃣. 0️⃣0️⃣0️⃣ денари за купување на електронски уреди, исто така за да ја следат наставата.
? ??За основците, оние кои посетуваат физичка настава, да им обезбедиме топол оброк ? ?до крајот на учебната година.
➡️ Еве конкретни предлози кои што се надевам дека ќе ги земете во предвид за Буџетот за 2021 година и реално да помогнеме во образовниот процес во ова време на пандемија.
Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.