Македонија 06. ноември 2018. / 16:07

(ВИДЕО) Градоначалникот на Кочани: Скарите се извор на загадување на воздухот

(ВИДЕО) Градоначалникот на Кочани: Скарите се извор на загадување на воздухот

Градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев, на седница на советот на општината рече дека скарите се извор на загадување на воздухот.

Во краткото видео од 17. седница на Советот на општина Кочани, градоначалникот посочува дека чадот од скарата го загадува воздухот.

– И друго што ми е сугерирано, не знам да не лупнам глупост, меѓутоа и таму има скара многу блиску на јаглен, која стварно, чадот кој го испушта, слушам дека дава страшни, поразителни податоци – вели Илијев.