Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска е осудена на шест години затвор од страна на судот во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот Мерцедес. Пресудата ја донесе петчлен судски совет со кој заседава судијката Добрила Кацарска, а Јанкулоска не присуствуваше денеска во Судот.
Кацарска истакна дека возилотот е набавено преку МВР, а доказите кажуваат дека всушност било набавено за да го користи Никола Груевски. Таа истакна дека со техничките спецификации објавни во тендерот , се фаворизирал еден економски оператор.
Ова е прва пресуда за Јанкулоска која е обвинета и во два други предмети во СЈО во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, и во „Таргет-Тврдина“ за незаконско уништување на два системи за прислушкување во МВР.
Пред десетина дена СВР Куманово поднесе кривична пријава против Јанкулоска за злоупотреба на службената положба поради незаконско вработување висок службеник во МВР.
Во предметот „Тенк“ се осудени и Никола Груевски и екс помошник министерот на МВР Ѓоко Поповски.
Адвокатите на Јанкулоска Сања Алексиќ и Боро Тасевски ја оспоруваа автентичноста на снимките, а за нив беа спорни и вештачењата. Тие бараа да се земе во предвид и мајчинството на обвинетата.