Македонија 15. мај 2020. / 13:44

(ВИДЕО) Еве како терористи држеа врзани македонски граничари на караулата Гошинце

(ВИДЕО) Еве како терористи држеа врзани македонски граничари на караулата Гошинце

На социјалните мрежи се појави видео како терористи држат врзани македонски граничари на караулата Гошинце во 2015, објави expres.mk.

На видеото се слуша како на албански јазик од еден граничар се бара да зборува на албански јазик а еден од присутните вели “зборувај албански цео свет да те разуме”.

Друг напаѓач вели дека во таа прилика ќе му се даде на граничарот а најверојатно се мисли дека ќе му се даде живот односно дека нема да биде убиен.

Инцидентот предходеше на Кумановските настани во кои загинаа 8 македонски полицајци. Истата терористичка група која влезе во караулата подоцна два дена водеше мала војна со МВР при што беа убиени и десет терористи.

Во Караулата тогаш имало 3 граничари а беа одземени 61 парче оружје од кои 3 пушкомитралези кои подоцна беа користени во нападот во Диво Насеље.