Македонија 03. мај 2018. / 15:33

(ВИДЕО) Драчевчани се собраа на протест против депонијата Дрисла: Не трујат со хемикалии

(ВИДЕО) Драчевчани се собраа на протест против депонијата Дрисла: Не трујат со хемикалии

Неколку десетици граѓани од Драчево, Батинци, Љубош и Студеничани се собраа на протест пред седиштето на депонијата Дрисла која се наоѓа во близина на нивните населени места. Тие велат дека во Дрисла се носат токсичен отпад.

Нашите населени места се загрозени од големата смрдеа бидејќи по сите патишта кои водат до депонијата дрисла течат хемикалии од контејнерите со кои се пренесува смет. Во последно време има повеќе заболовуња од карцином порадитоксините кои се шират, обвинуваат граѓаните.