Силното невреме проследено со пороен дожд ги поплави дуќаните во Градскиот трговски центар во Кочани. Сите локали кои се наоѓаат на приземјето од трговскиот центар се поплавени, а до тоа дошло поради несредената канализација.
Сопствениците реагираат дека градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев додека го реновирал трговскиот менувајќи ги плочките околу објектот за да го разубави неговиот изглед заборавил на средувањето на канализациониот систем во самиот објект.
Дуќанџиите сега се прашуваат дали воопшто некој ќе им ја плати сега штетата?
-Во секое ваше предизборно излагање наназад 30 години предложувате секакви проекти и помош кои ретко на крај се реализираат целосно или воопшто се почнуваат. Ако сакаме да имаме унапредување на малиот и среден бизнис прво треба да се обезбедат основни услови за негово развивање. Кога ќе се развие малиот и среден бизнис ќе имаме реален раст на македонската економија, стои во реакција објавена на фејсбук.
Апелирааат надлежните институции да го проверат овој случај, велат, некој треба да одговара и да плати за штетата со која се соочија кочанските дуќанџии!