Македонија 05. март 2020. / 14:32

(ВИДЕО) Директорот на училиште од СДСМ, ги заплашува децата дека не смеат да протестираат

(ВИДЕО) Директорот на училиште од СДСМ, ги заплашува децата дека не смеат да протестираат

На учениците од училиштето „Коле Нехтенин“ во Штип им беше ускратено правото на бесплатен превоз. Затоа тие се одлучиле да излезат на протест пред општинската зграда, пишува Курир.

Директорот на училиштето, Дејан Павлов, на функцијата назначен од СДСМ, ги свикува децата на состанок и ги заплашува дека не смеат да протестираат.

Сите што сте малолетни, со закон е забрането учество во толпа. Ако некој пријави дека малолетно лице учествува во толпа е 500 евра казна за родителот, им вели тој.

Но, ова е голема лага! Ако го погледнете Законот за јавни собири, ќе видите дека во него никаде не пишува дека е забрането малолетници да протестираат. Уште помалку е напишано дека ако тие протестираат, ќе бидат казнети нивните родители.