Дан Оријан, амбасадор на Република Израел во Република Македонија испрати видео порака по повод 27 јануари, денот на сеќавање на холокаустот над Евреите. Целото негово денешно обраќање може да го погледнете ТУКА.
– Јас ја претставувам Израел, Еврејската држава, прибежиштето на Евреите од целиот свет. Ако постоеше државата Израел во 1943 година можеби сѐ ќе беше поинаку. Доколку тогаш имавме држава, судбината на 7144 македонски Евреи предадени во договор си бугарските окупациони сили можеби ќе беше поинаква, вели Оријан.
Тој вели дека Меѓународниот ден на Холокаустот бил инициран од младиот израелски дипломат Рони Адам во 2005 година и бил едногласно прифатен во ОН. Денот на ослободувањето на Аушвиц бил прогласен за Меѓународен ден на Холокаустот.
– Во последните 6 години како амбасадор во Македонија вложив голем напор заедно со многу партнери да ја ракажам еврејската приказна, вели Оријан.
Тој вели дека направиле голема работа претходните шест години во Македонија и заедно со неговите парнери од Владата и Собранието.
– Го инициравме маршот на живите кој се одржува во Битола секоја година, вели амбасадорот зборувајќи за тоа што направиле во претходните шест години.
Тој зборува за книгата на Шела Алтарез, последната која го преживеала холокаустот од Штип. Како постигнување од претходните години го нагласува и промовирањето на македонската поштенска марка во спомен на еврејската заедница. Вели дека во Македонија дошле многу значајни Евреи од целиот свет.
– Маршот на живите беше откажан оваа година, поради ситуацијата која го зазеде светот, пандемијата со Ковид 19. Но, решивме повторно да изнајдеме начин, поинаков, со цел да го зачуваме споменот на Евреите од Македонија, вели тој.
Според него Владата покажува интерес за соработка со интернационалните организации на Евреите. Раскажува за посетата на Стево Пендаровски и Зоран Заев на Израел.
– Да бидеме искрени, Македонија презема долга листа важни чекори во врска со одбележувањето и водењето грижа за Евреите низ годините вклучувајќи легислатива и имплементација, но уште многу има што треба да се направи, потенцира израелскиот амбасадор.
За крај тој цитира што напишал член на израелскиот парламент.
– Еден член на израелскиот парламент пред неколку години напиша книга во којашто напиша: Евреите на Балканот два пати беа удрени. Еднаш од нацистите. Вториот пат од нас. Бидејќи не ја раскжуваме нивната приказна. Тие исто така се изгубени од нашата меморија. Не можевме да ги спасиме, но можеме да ја кажуваме нивната приказна, заврши Дан Оријан по повод 27 јануари, денот на сеќавање на холокаустот над Евреите.