Деца на наши иселеници во Словенија со видео порака го одбележаат Денот на македонскиот јазик и азбука.
Таканарачената „приредба на далечина” ја направија ученици кои во Словенија го изучуваат македонскиот јазик и култура, под менторство на нивната наставничка Снежана Катарова, која веќе неколку години во повеќе словенечки градови одржува часови по македонски јазик за повеќе од шеесет деца.
Амбасадата на Македонија во Словенија организираше приредба со учениците и прием по повод Денот на македонскиот јазик, но поради епидемијата на корона вирусот таа мораше да биде откажана.
Инаку, Словенија уште од 1993 година официјално дозволи во земјата слободно да се изучува и негува македонскиот јазик.