Влезот на ГОБ „8-ми Септември“ е целосно блокиран и затворската полиција не пушта ниту возила од итната медицинска помош.
Пред болницата е настанат голем хаос, целосно е блокирана и затворена дури и за најитни случаи кои пристигнуваат.
Затворските полицајци, во мал број, прво беа таму поради примањето на претепаниот Миле Јанакиески.
Потоа побараа засилување, а пристигнаа и припадници на ЕБР.
Во видеото можете да видите, како возило кое носи пациент кому му треба помош е препратено на друго место и не им беше дозволен влез.